Комерцијална банка со нето добивка од 1,5 милиони евра

Bez autora
Mar 25 2015

Комерцијална банка АД Скопје ја заврши 2014 година со бруто-добивка во износ од 109,4 милиони денари. По пресметување на данокот на непризнаени расходи од 13,8 милиони денари, нето-добивката изнесува 95,6 милиони денари (1,55 милиони евра). Финансискиот извештај е потврден на редовно Годишно собрание акционерите на Комерцијална банка АД Скопје, што се одржа во средата во Скопје Акционерите на Банката одлучија добивката да се издвои во резерви заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката. На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2014 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2015 година и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза, се вели во соопштението.

Комерцијална банка со нето добивка од 1,5 милиони евраКомерцијална банка АД Скопје ја заврши 2014 година со бруто-добивка во износ од 109,4 милиони денари. По пресметување на данокот на непризнаени расходи од 13,8 милиони денари, нето-добивката изнесува 95,6 милиони денари (1,55 милиони евра).

Финансискиот извештај е потврден на редовно Годишно собрание акционерите на Комерцијална банка АД Скопје, што се одржа во  средата во Скопје

Акционерите на Банката одлучија добивката да се издвои во резерви заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2014 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2015 година и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза, се вели во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik